Можете ли да живеете без шампон?
Можеби е време да почнете да браздите низ сапуница …
Можеби се сеќавате дека престанавме да користиме шампони пред некое време (односно објавивме еден текс за тоа), а кога тоа се случи, посегнавме по препарати без сулфати.
Па, можеби е време да браздите низ сапуница целосно, според еден неодамнешен напис во Њујорк Тајмс во врска со феноменот без-шампон.
Наместо традиционалните шампони, алтернативни средства за нега се појавуваат во продавници. Производи како шампон со масло за чистење на Shu Uemura, крема за чистење на Purely Perfect и средство за чистење на косата L’Oréal (сите се наведени во статијата на Times) се дизајнирани така вашата коса да не е премногу чиста и да ви помогнат да го добиете тој совршено разбушавен изглед помеѓу две миења на косата (извинете, чистење).
Други опции што ќе ве доведат еден чекор поблиску до поздрава плетенки и прамени? Размислете за користење на шампон штангла, миење на косата со домашна сода бикарбона или брз фиксир со сув шампон.