Девојка која без проблем може да ве натера да вежбате
Џил Бани е позната инструкторка по фитнес, модел, актерка и мотивационен говорник.

Нејзиниот живот целосно се врти околу вежбањето и добриот изглед. Таа успешно ги мотивира другите да почнат да тренираат, а нејзиниот изглед е најдоброто покритие на нејзините совети.

Џил долги години се занимава со фитнес, а спортот отсекогаш и бил најголема страст. Порани тренирала одбојка и фудбал, а на 24 години дипломирала на „University of New Brunswick“ за потоа целосно да се посвети на фитнесот и модата, со што изгради успешна кариера.

Џил фитнес инструкторка стана на 25 годишна возраст, а во 2012 учествуваше на бикини натпревар кога ги воодушеви сите со својот изглед.

Поради атрактивното тело досега се има појавено во бројни познати магазини, а помеѓу останатите и во “Inside Fitness “, “Muscle Insider”, “Sweat Equity” и “Men’s Health”.

Па, пто велите за телото на оваа девојка – совршено или перфектно, прашање е сега?

Доколку сакате да го следите нејзиниот профил, кликнете тука.



