„Овие фотографии на Steven Lyon доловуваат застрашувачки стил кој ве ’заробува‘ со својата заводливост.“ Инаку, станува збор за моден фотограф, кој има репутација на креирање на колекции со богата тематика. Но оваа сесија во која му позира моделот Nadine Strittmatter е со сигурност негова најамбициозна и богато стилизирана креација до сега.
Поставена во позадина со Готски манир, колекцијава користи комплексна текстура и светлина, со цел да долови една мрачна и морничава атмосфера, која е во истовреме опсесивна и фасцинантна. Резултатот од ова е – колку и да звучи чудно – што дури и оскудно облечената Nadine се соочува со ризик да се најде во сенка, на силината на богатата фотографија на Steven Lyon, која во себе носи една месмеризирачка уметност, во сите овие експертски изработени снимки. Мислам дека нема потреба да напоменам, дека кога субјект ви е супер модел, во мали и провокативни парченца долна облека, а вие успеете истиот да го направите само дел (рамноправен, нормално) од целата фотографија, самото по себе тоа претставува достигнување вредно за секоја почит. Разгледајте ги фоткиве, и ќе видите за што зборувам.