Реклама
Престиж

Morey од Felix Runde

Реклама

Кој има подобар задник, девојките или автомобилов?

Маркетинг

Знаеме сега дека генијалците ќе се јават со коментари ’абе рамна е‘, ’мојата девојка има подобар‘ и слично, но сето тоа се обични лаги на циници и кутри души со мали и тапи заби!

Ајде фраери, признајте – не јавно, тоа никој од вас не го бара – туку самите на себе – кога во животот сте имале вакво газенце во рака? Кога?! Не ве слушнавме добро? Аха, така и си мислевме. Па затоа наредниот пат кога ќе ставиме на насловна страна убава девојка, веднаш до текстот и фотката од кола, размислете што би ви било полесно да изберете, доколку навистина ви се јави таква шанса!? Дури тогаш ќе станете свесни дека ова не го пишуваме без врска. Затоа што, како и секогаш во животот, има некој зајак во некоја грмушка, а зајакот се вика – стварност. За разлика од женските задници, кои што се вистинити и постојат заедно со своите долгокоси сопственички, Morey Concept се уште не постои никаде, освен како компјутерски тендер.

Маркетинг

Дизајнерот Felix Runde го замислил како ултраспортска ’кобра‘, а создаден е во склопот на вистински научен проект. Овој автомобил има две поенти – првата е тоа што поради чудната форма на каросеријата, од секој агол на гледање, остава впечаток дека станува збор за некоја друга кола. А другата е дека нема кров, врата, шофершајбна и дека теоретски се вози само со кацига. Никогаш нема да се произведе, па толку околу одговорот на прашањето од воведот. А за сите оние кои без причина размислувале, одговорот е – колата.

alt

alt

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button