Одењето на море и спојувањето со него на различни начини создава посебно блажено чувство.
Одењето на море и спојувањето со него на различни начини создава посебно блажено чувство. Во морската вода се наоѓа мешавина на натриум, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, односно сите минерали кои се наоѓаат во крвта на човекот, а се од особена важност. Како таква, морската вода има моќ да ве освежи, да ги зајакне мускулите, да ја стимулира циркулацијата на крвта, работата на срцето, да ве опушти и да биде ваш најдобар лек против стрес. Морската вода ги ублажува тегобите и помага при одредени кожни болести, како што е на пример дерматитис, а особено кај псоријаза. Морската сол и калиум хлоридот од неа го забрзуваат зарастувањето на оштетената кожа. Таа се препорачува и како лек за синуси, алергии и настинки, а особено е корисна и при отворањето на дишните патишта. Меѓутоа, претераното уживање во морето и морските бранови може да довете до сушење на кожата, при што е потребно редовно туширање и нанесување на кремови кои ви одговараат.