Рецепти

Мора да ги пробате превкусните Ванилиј булар на Зорка – ви го носиме рецептот

Се топат во уста.

Реклама
Реклама

Печените крофни полнети со крем од ванила, познати како Ванилиј булар, ни ги приготви Зорка Јанчева и ни го откри рецептот. 

Ќе се стопите уште на прв залак. Вакво нешто претходно не сте пробале.

Затоа, засукајте ги ракавите и право во кујна. Израдувајте ги најблиските уште овој викенд и засладете си ја душичката.

Маркетинг

50 гр свеж квасец (или една коцка)

150 гр маргарин

Маркетинг

4 дл млеко

2 јајца

100 гр шеќер

половина лажичка сол

помалку од половина лажичка бикарбона

1 300 гр брашно (13 дл)

фото – Зорка Јанчева

фотографии-Зорка Јанчева

Сите состојки се ставаат во сад за месење. Квасецот и маргаринот се растопуваат, и се става и млекото во маргаринот. Убаво измешајте. Потоа се додаваат на останатите состојки и се меси убаво, меко тесто.

Се остава да „кисне“ 40 минути.

Потоа од тестото се прават мали топчиња, околу 40 топчиња. Секое од нив се расукува во обем на мало чинивче. Се додава ванила кремот.

Зорка употребува готов ванила-крем, односно оној што се продава во прав во ќесички, и на него додава млеко. Но, по препорака на Зорка, може да ставите и ванила пудинг. И повторно се формираат топчиња.

Откако ќе се направат се оставаат да нараснат, околу 1 час.

Полнетите топчиња со крем од ванила се ставаат во тава и се печат 8 до 10 минути на претходно загреана рерна на 180 степени.

Во меѓувреме, во тенџерче се растопува околу 100 грама маргарин, се премачкуваат жешките полнети топчиња, а на крај се премачкуваат со шеќер (или ванилин шеќер).

И – подготвени се за јадење!

фото – Зорка Јанчева

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button