Една од најубавите жени на светот на црвениот килим на Филмскиот фестивал во Кан ни приреди неколку феноменални изданија.
Но нејзините обврски поради снимањето нов едиторијал за шпанскиот Вог ја спречија да уживаме во нејзните стилски остваренија на црвениот килим. Таа за средбата со шпанските колеги избра свилен костум кој наликува на пижами со потписот на „Dolce & Gabbana“ – модна куќа со која актерката соработува уште од 90-тите кога беше дел од нивните сексапилни la dolce vita реклами.
https://www.instagram.com/p/Bi6PtRHADUI/?utm_source=ig_embed
Таа костумот го носеше со црвени високи потпетици од 15 сантиметри со кои дополнително го издолжи телото (високо 171 сантиметри),а целото издание го заокружи со разбушавена фризура и децентна шминка.