Реклама
CelebrityХоливуд

Моника Белучи ги украде погледите во секси црвен комбинезон – женственост „пука“ од сите страни

Реклама

60-годишната италијанска актерка Моника Белучи и 66-годишниот американски режисер Тим Бартон се појавија заедно на филмскиот фестивал во Мароко не криејќи ја нивната љубов.

Ѕвездената двојка прошета по црвениот тепих на 21. Меѓународен филмски фестивал во Маракеш, Мароко.

Белучи го украде вниманието облечена во црвен комбинезон со долги ракави. Изгледот го надополни со црвен шал, дијамантска нараквица и мала сребрена чантичка.

Маркетинг

Нејзиниот партнер пак, носеше црна модна комбинација.

Маркетинг

Појавата на Моника Белучи на црвениот тепих дојде откако таа и Тим Бартон присуствуваа на свеченото отворање на филмскиот фестивал еден ден претходно.

Италијанката позираше во црн фустан со наметка кој ја истакна нејзината фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monica Bellucci (@monicabellucciofficiel)

Романсата на Моника и Тим стана позната во 2023 година. Се вели дека славната двојка почнала да се забавува откако актерката му врачила награда на режисерот на филмскиот фестивал Лумиер во Лион, Франција во октомври 2022 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button