Сакате да испланирате совршена моминска вечер? Проверете што вели астрологијата за секој знак
Вага
Моминска вечер помината во софистициран спа-центар, ќе ја направи романтичната вага среќна. После прекрасното уживање во неверојатен комфор заедно со најблиските пријателки, таа одвај ќе чека да се сретне со свршеникот и да ги сподели впечатоците од денот.
Скорпија
Невестата-скорпија со сигурност ќе сака провокативна моминска вечер. Без разлика дали станува збор за некакви одбрани секси поклони за првата брачна ноќ, стомачен танц или пак посета на машки стриптиз-клуб, невестата ќе си помине забавно. Бидете сигурни дека нејзината енергична страна ќе избие на површина во текот на ноќта.
Иако делуваат мирољубиво, немојте да ги чепкате кога се бесни>>>
Стрелец
Невестата родена во знакот стрелец нема да сака нешто премногу девојчинско за нејзината моминска забава. Наместо тоа, овој авантуристички дух најверојатно ќе сака да ја помине ноќта во некој забавен парк или правејќи нешто екстремно. Вака поминатата ноќ ќе ѝ се допадне многу повеќе, отколку да седи, да муабети и да грицка предјадења заедно со нејзините другарки.
Јарец
Конзервативната и внимателна невеста, родена во знакот јарец ќе ужива доколку нејзината моминска вечер вклучува почитување на традицијата и добриот вкус. Практичната невеста, исто така, ќе сака на нејзината моминска вечер да бидат поканети и некои другарки успешни во нивната кариера, со кои ќе добие шанса малку да поразговара додека се забавува.
Водолија
Невестата-водолија ќе сака нешто поразлично од вообичаеното за нејзината моминска ноќ. Астролог или читач на тарот карти би можеле да бидат интересни нешта кои ќе ѝ дадат космичка перспектива на ноќта во која таа ќе ужива.
Риби
Спиритуалната невеста родена во знакот риби, би сакала мала церемонија или некаков ритуал на нејзината моминска вечер. Масажа на стапалата со разни креми и етерични масла ќе ѝ причини големо задоволство на рибата, бидејќи и онака најчувствителен дел од нејзиното тело се токму стапалата.