Наши ѕвезди

Момците од „Фидбек Бенд“ со музичко освежување пред почетокот на летото (Видео)

Станува збор за балада испреплетена со силни емоции и огромна љубов, приказна која ќе допре до многумина.

Advertisement

Музичкиот состав кој долги години успешно функционира на домашниот пазар, „Фидбек Бенд“ ја објави својата нова песна која го носи насловот „Пали Запали“, а за истата снимија и видео запис.

Станува збор за балада испреплетена со силни емоции и огромна љубов, приказна која ќе допре до многумина. Музиката и текстот се дело на Драган Ристовски – Дац и Гога Вучиќ, аранжманот на Дац, а комплетното аудио заедно со видео запис е во продукција на „Индустриал Медиа“.

Advertisement

– Најголемиот дел од песната „Пали Запали“ беше готов уште кога пред неколку месеци на нашиот бенд му се приклучи Александар Тасевски. Чекавме погоден момент за да ја објавиме и среќни сме што конечно проектот ја виде светлината на денот. Очекуваме да биде одлично прифатена од публиката и нашите поддржувачи, како и претходните проекти на кое работевме. Иако имаме бројни активности овој период, сепак, не ја оставаме јавноста долго без нешто ново и свежо, велат од бендот.

Музичкиот состав „Фидбек Бенд“ повеќе од деценија успешно функционира на домашниот пазар и во просек настапува на повеќе од 100 настани во текот на една календарска година. Пред неколку месеци, маестралниот вокал Александар Тасевски му се приклучи на тимот и заедно продолжуваат да градат нова приказна низ проектите на кои вредно работат,

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button