Иако жените би требало да бидат природни, свои и да го носат она во што се чувствуваат најкомотно и најсекси, сепак, со мали корекции во стилот истовремено може да бидете задоволни и вие, но и да го погодите вкусот на мажите. Откријте што мажите сметаат дека е атрактивно кај една девојка при излегувањето.
1. Црвен фустан наместо црвен кармин
Одлучете се за бојата на страста при изборот на вашата облека, подобро отколку на усните. За првото излегување одберете црвени детали како на пример марама, и оставете впечаток на самоуверена личност.
2. Пуштете ја косата наместо да ја врзете во коњско опавче
Иако понекогаш најлесно е да ја врзит косата, затоа што едноставно не сте задоволни со нејзиниот изглед, мажите сепак сакаат распуштена коса. Коњското опавче исто така може да биде секси, но косата која паѓа по рамињата ви ветува повеќе.
3. Силната шминка заменете ја со поприроден изглед
Можеби поради техниката на зачадени очи жените се чувствуваат посекси, но, според едно истражување, 66% од мажите нејасметаат својата партнерка за атрактивна кога носи темна шминка. Наместо темни тонови на очите и силна боја на кармин, изберете кремаст руж и минимална шминка на очите.