Момчето на Тамара се соблече, жените го коментираат мускулестото тело – колешките љубоморат!
Пејачката сподели неколку интересни снимки

Нашата позната пејачка Тамара Тодевска отпатува на одмор со децата и својот партнер од каде сподели неколку фотки.
Но она што посебно привлече внимание на социјалните мрежи беше токму нејзиниот партнер, младиот архитект Лука Радовиќ.
Имено, Тамара го сними своето момче како го минува времето со нејзините деца, Хана и Дарен, а некои од овие снимки посебно ги изненадија претставничките на понежниот пол.
Пејачката својот сакан го сними во костим за капење, така што во фокусот беше неговото згодно и мускулесто тело.
Овие снимки воодушевија многу дами, а сите се согласни дека момчето на Тамара изгледа беспрекорно и без маичка.
Следуваа бројни лајкови и реакции по овие објави на Тамара, а пејачката покажа и како тие сите заедно уживаат на вечера.
Повеќе од очигледно е дека Тамара со ова момче е на седмото небо, но и дека тој одлично се снаоѓа со нејзините деца.
Од објавите може да видиме дека Хана и Дарен и на двајцата им се центарот на светот и дека сите заедно уживаат во дружбата.
Потсетуваме, Тамара пред неколку недели направи голема забава во Скопје кога го славеше својот 40-ти роденден.
За роденденот специјално од Белград беше дојдена и сестрата на Тамара, Тијана Дапчевиќ, а дојде и нивната мајка, Брана.
Меѓу највеселите гости беше и партнерот на Тамара со кого само неколку дена претходно , пејачката прослави две години врска.
Повеќе за ова прочитајте тука >>