Момче од Македонија со својата тажна приказна го расплака регионот – сега му се остварува животниот сон
Повторно се пријави во „Ѕвездите на Гранд“, освои осум гласови и сите ги воодушеви

Македонецот Бојан Илиевски пред неколку години со својата животна приказна ги расплака сите во „Ѕвездите на Гранд“.
Тој тогаш имаше поддршка од својата баба, која и овој пат беше со него на сцената и го бодреше од бекстејџ.
Многумина се уште се сеќаваат на неговиот емотивен настап кога баба му откри дека Бојан нема родители, a овие емотивни сцени и се насолзија очите и на неговата менторка, Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Бојан овој пат помина директно во следниот круг, а Цеца гордо го коментираше неговиот настап и ја поздрави баба му.
„Госпоѓата баба ја поздравувам многу и од срце и честитам, ова беше заслужено“, изјави Цеца по настапот на Бојан.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Испеа така што ова беше твоето најдобро појавување. Те знам и имам еден совет, доколку бидеш дисциплиниран и немаш тезги пред снимање, ќе дотуркаш далеку, се надоврза Ѓорѓе Давид, а Цеца го прекина:.
„Што зборуваш бре ти. Тој е добро момче и многу дисциплиниран, јас работев со него“, додаде популарната пејачка.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
И сите останати беа со пофални коментари за пејачот, а на крај му се обрати и директорот на Гранд продукција, Горан Шљивиќ.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Продукцијата уживаше, Бојан секоја чест, имаш осум гласови. Сега можеш за ментор да избереш и некој од нас и некој од членовите на жирито, ајде избери го менторот, изјави директорот, а големо изненадување беше кога Илиевски за ментор го избра Ѓорѓе Давид.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, настапот на Бојан во „Ѕвездите на Гранд“ од пред неколку години важи за еден од најемотивните моменти во шоуто.
Неговата животна приказна тогаш никого не остави рамнодушен, посебно кога истата ја раскажа неговата баба.
„Јас сум му баба од страна на мајка му. Тој нема ни татко ни мајка, јас сум му единствената поддршка. Починати се и татко му и мајка му“, изјави тогаш неговата баба и пушти солзи пред камерите.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
И на Бојан не му беше лесно да ја гледа од сцената, па кога тргнаа солзите утеха му пружи водителката Сања Кужет.
„Бабата донесе среќа, шест гласови, па тоа е супер. Ова е респектабилно“, истана Саша Поповиќ и успеа да го насмее кандидатот.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
„И на Цеца и тргнаа солзите, не е лесно, не е едноставно. Специфична е ситуацијата, но Бојан, види, ‘Ѕвездите на Гранд’ се едно големо семејство, според тоа доби едно големо семејство, многу пријатели, труди се и ти честитаме што помина во вториот круг“, му порача тогаш Поповиќ и го пушти да помине во следниот круг од шоуто.
Како изгледаше и овој настап на Бојан, потсетете се тука >>



