Верувале или не, неодамна спроведените истражувања покажаа дека мажите, многу повеќе од жените, размислуваат на трошоците и потребите за свадбата.
Со самото тоа, тие се многу попристојни на ергенските вечери и многу помалку трошат отколку дамите…
Мажите се попристојни на ергенските вечери отколку жените на моминските. Можеби звучи неверојатно, но вистината е таа дека мажите многу повеќе размислуваат за трошоците на свадбата, па со самото тоа се помалку ’развратни‘ од жените кои сакаат да потрошат доста повеќе на својата моминска вечер и да се забавуваат на скап начин.
Сценариото од популарниот филм „Мамурлак“ изгледа дека е можно само во нереалниот свет на седмата индустрија, затоа што стварноста се покажува како сосема поразлична. Имено, според истражувањето кое неодамна е направено во соработка со млади Британци, покажало дека жените се многу понерационални во однос на мажите.
Скоро третина од мажите, парите за својата момачка вечер ги заштедуваат претходно, прават буџет кон кој покасно се придржуваат, додека истото тоа го прават само една петина од испитаните жени за својата девојачка забава.
Дури 16 отсто од мажите се на мислење дека момачките вечери се преценети, премногу чинат и дека околу нив е потребно премногу организација. Исто така, повеќето мажи признале дека се консултирале со својата поубава половина околу плановите за последната чисто машка забава во кругот на најблиските пријатели, додека повеќето жени одлуките ги носат на сопствени идеи, кои најчесто вклучуваат изнајмување на стриптизер.
Историја на ергенските и моминските вечери
Првото машко ’лишување‘ од слободата се појавува уште кај Спартанците.
Хенри 8-ми им наредил на мажите да се забавуваат по повод неговото влегување во брак. Мажите кои одбиле, секако биле казнети.
Забавите на девојките настанале од традицијата во 17 век, според која двојката ја поминувала ноќта со своето женско друштво, гледајќи ги работите кои ќе ги однесе како мираз.
Денес, овие забави подразбираат една ноќ славење, обично една недела пред венчавката, како младенците би имале време да си дојдат на себе до самата свадба.