Реклама
Шминка

Рецензија на моливчето за очи од Radiant Professional Make Up

Реклама

Рецензија на новото моливче за очи „Softline Waterproof Eye Pencil“ од познатиот козметички бренд „Radiant Professional Make Up“.

Новите моливчиња на Radiant Professional Make Up се драматични и интензивни. Овие богато пигментирани моливи даваат енергична боја која без напор, непречено, лесно и едноставно се нанесуваат, оставаат отпечаток на мека и кремаста линија која дозволува да биде манипулирана се додека не се исуши за потоа да се сведе на долготраен и водоотпорен завршен изглед кој е отпорен на создавање дамки. 

Маркетинг

Овие моливчиња (Softline Waterproof Eye Pencil) содржат природни антиоксиданти, витамин Е и масло од јојоба кои не го иритираат окото и ви го даваат она што вас ви треба, долготраен, водоотпорен изглед без дамки! Искористете ги за да ја потенцирате или корегирате природната форма на вашите очи со помош на тенка и дефинирана или дебела и замаглена линија која што може да се создаде само со еден потег. Овие моливчиња се офталмолошки тестирани и погодни за лица кои носат леќи!

Маркетинг

Кликни тука и види ја цената на овој производ »

Од едната страна добивате продукт кој лесно се наоштрува за да добиете потребната прецизност од како ќе се искористи, дедека од другата страна добивате меко сунѓерче кое ви помага да создадете задимен изглед кој дополнително ќе ги истакне и потенцира очите. Овие моливчиња доаѓаат во повеќе од 25 нијанси и ги има во две варијанти кои ви даваат голем избор од кој можете да го одберете вашето ново, омилено. 

Јас го одбрав во нијанса 04 Bronze затоа што бронзената боја е хит за претстојната пролет/лето сезона. Она што најмногу ми се допаѓа кај ова моливче е тоа што го искористив за три различни намени. Прво го нанесов низ целиот очен капак и со помош на сунѓерчето го намалив неговиот интензитет за да создадам задимен изглед. Потоа го нанесов на линијата на долните трепки и под нив за ја потенцијрам формата на окото. За крај ја додадов тенката линија низ природната линија на горниот капак. На овој начин создадов изглед кој е едноставен и брз, но сепак елегантен и долготраен, кој ми остана во текот на целиот ден без потреба од поправки. 

Кликни тука и избери ја твојата нијанса »

Да, со моливчето Softline Waterproof Eye pencil од Radiant и вашата омилена маскара вие сте спремни да го освоите светот!

Александра Азманова
Фото: А.А.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button