Секое утро кога ќе се разбудиме треба да се помолиме и да му се заблагодариме на Бог што сме живи и што ни дозволи уште еден ден да бидеме тука каде што сме, помеѓу своите најблиски и најсакани, со семејството, пријателите и познаниците.
Прва молитва
Боже, денес сочувај не’ од секакво зло. Нека и денес биде Твојот благослов. Дај им сила на сиромашните, на гладните и жедните дај им живот, на добрите дај им храброст, на немилосрдните дај им љубов.
Дај ни сила да продолжиме во новиот ден, а вечерта да имаме мирен сон. Дај им на тажните утеха, а утеши ги осамените. Те молам да ни го осветлиш патот и да не’ водиш сигурно да чекориме по ова тло.
Амин.
Втора молитва
Господе, еве ме пак и ова убаво утр, стојам пред Тебе во овој нов ден кој се раѓа и те молам за мир, мудрост, сила, љубов, праведност и добрина над сите нас на оваа Земја. Денес сакам да го гледам светот со твоите очи, со очи полни со љубов, трпеливо, разумно, разбирливо, сакам да ги гледам Твоите деца, своите ближни, онака како што ги гледаш Ти.
Нека моите уши станат глуви за секоја клетва и лага, чувај го мојот јазик од секакво зло и исполни ја мојата душа со спокој, мудрост, знаење, побожност но и страв Божји.
Амин.