Кога ќе донесете дете на овој свет, на некој начин почнува и еден ваш нов живот, етапа во која секогаш ќе го сакате и ќе мислите на тоа мало и невино суштество. Еве предлог за некои молитви кои можете да ги изговарате за своето новороденче во првите моменти/денови кои ќе ги поминувате со него.
Молитва за благословување на новороденото дете
Пресвето Тројство, пред твоето милосрдие денес ти го носам ова мое детенце, завиено во мајчина љубов. Прими го како мој најдрагоцен дар. Допри го неговото битие со својот Дух и благослови го. Нека расте во ведрина и мир, откривајќи го твојот прекрасен свет. Заштити го од зло и секогаш биди му блиску, на секој корак од животниот пат. Те молам Господи. Амин.
Молитва на мајката која дои
Пресвета Девица, Мајко Исусова. Дојди во моја близина и во близина на моето дете кое го дојам, додека тече моето млеко во неговата уста. Те молам да не’ помилуваш и да не прослеветлиш во моментите на ова блажено хранење. Те молам за опуштеност на телото, за сигурност и близина, да со моето млеко ова дете биде задоено со Бога. Ти, Мајчице, милувај не’. Амин