Молитвата утре има најголема сила, а два обичаи се особено важни – ги славиме „малите апостоли“ кои брзо ги услишуваат молитвите
Празникот е поврзан со апостоли кои трагично пострадале, сите биле маченици, убиени поради верата во Христос.

За православните верници, утрешниот ден, 13 ноември, се смета за еден од најтажните празници во годината, а се сеќаваме на на животот и страдањето на светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван и нивните соборци, првите Христови ученици кои со својата вера и пожртвуваност го ширеле христијанството низ светот.
Според преданието, покрај дванаесетте големи апостоли што лично го познавале Исус Христос, Бог избрал уште седумдесетмина „мали апостоли“, кои имале задача да ја пренесуваат Христовата наука. Меѓу нив биле и Светите Стахиј, Амплиј и Урван.

Свети Стахиј бил првиот епископ на Византија и близок соработник на Свети Андреј Првоповикан. Се смета дека бил мудар, добар и праведен човек, кој многу пагани ги преобратил во верата Христова. По 16 години посветено служење, мирно се упокоил во Господа.
Светите Амплиј и Урван исто така биле негови ученици, првиот бил епископ во Лида, а вториот во Македонија. Поради својата ревност и борба против идолопоклонството, и двајцата биле убиени од незнабожците.
Но, утре се сеќаваме и на другите апостоли: Свети Наркис, кој како епископ во Атина бил мачен и убиен за верата; Свети Апелиј, кој живеел во Ираклија Тракиска и се упокоил по долг и богоугоден живот и Свети Аристовул, брат на апостолот Варнава, кој ја проповедал Христовата вера во Британија.
Сите овие светители останале симбол на искрена љубов, вера и пожртвуваност кон Бога.

Што треба да направите утре за благодат
На утрешниот ден не треба да се расправате со никого ниту да работите тешка работа, во споритвно може да навлечете несреќа на себе и во домот.
На овој ден не се дава ништо од куќата (ниту сол, ниту леб), старите верувале дека во спротивно, може „да не излезе благословот“ од домот.
Според народното предание, сите што на нивниот ден се во мака или во неволја можат да им се обратат со молитва, која вели:
„Апостоли свети, молете го Милостивиот Бог, да ни подари простување на гревовите и мир во душите наши.“
Верувањето е дека искрената молитва утре, на 13 ноември, има посебна сила, а оние што ќе се помолат од срце ќе ја почувствуваат нивната заштита и благослов.



