Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Боже, спаси ме мене, грешникот… Молитва за пронаоѓање мир и утеха

Реклама

Во моментите кога сме вознемирени и очајно ни треба мир и нечија утеха, да се помолиме и да го пронајдеме нашиот вистински пат…

ФОТО: introvertdear.com

Господе, Ти ја знаеш слабоста на моето срце, знаеш колку често им се предавам на ѓаволските искушенија и се исполнувам со гордост и надменост. Имам високи мислења за себе, се гордеам пред своите блиски и поради самољубивост очекувам и од нив да ме почитуваат многу повеќе отколку што заслужувам. Затоа, Господе, мојата душа нема смирение и моето срце не наоѓа утеха. Во мојата самољубивост ме изеде гордоста и не ми дава спокој. Ми ги нарушува односите со блиските, ме тера на карање и ми носи неспокој во животот.

Дај ми сила да го победам лошиот дух кој ме напаѓа и ме мачи и кој ме тера да се гордеам. Приведи ме на смирение, смири ме а љубовта нека ја оправда мојата верба кон тебе и нека ме води кон спасување. Преку смирување направи ме наследник на Твоето вечно царство. Воздигни ме над слабостите мои и дај ми да ги сфатам сите добра на земјата.

Маркетинг

Ти, кој даваш вистински добрини, дај ми ги и на мене и всади ги во мојата душа. Сочувај ме од надменоста над другите и удостој ме со смирение да го носам она што Ти ми го подари. Боже, биди милостив кон мене, грешникот. Амин.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button