Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Молитва за пријателите, но и за непријателите – да го пронајдеме потребниот мир

Реклама

Да даруваме љубов, не само на нашите блиски, туку на сите луѓе во овој свет. Така го збогатуваме своето срце, а нашата душа пронаоѓа мир.

ФОТО: stream.org

Господе Исусе Христе, Боже наш, ти кој не’ учиш да се љубиме едни со други, прими ја оваа моја молитва кон тебе и обнови ја во нас љубовта кон Тебе и нашите ближни и таа љубов зацврсти ја во срцата наши, да не бараме на оваа земја угодност за себе, туку да тежнееме кон твојата слава и напредок и спасение на нашите ближни.

Те молам Господе, всади ја во нас вербата, да се љубиме еден со друг и да не се повредуваме себеси, туку секогаш да мислиме добро за нашите блиски. Те молам, Господи, во нашите души да пробудиш чиста и нелицемерна љубов кон тебе и браќата наши. Затоа што кој може дека може да те љуби тебе, а да го мрази братот свој, тогаш тој е лажливец.

Маркетинг

Затоа, те молам Господе, дај ни да правиме добро за сите, не само за браќата свои и пријателите, туку и на нашите непријатели, добро да правиме и на оние кои нас не’ мразат и прогонуваат. Затоа што ти си Бог да добрината и човекољубието и тебе слава ти вознесуваме сега, секогаш и во вечни векови.

Амин.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button