Секоја загуба боли.
Времето минува, но празнината останува да не’ потсетува на некогаш среќните времиња. За жал, не е во наша моќ да ја контролираме смртта. Ние едноставно можеме да се помолиме за покојните.
Господи Исусе, Боже наш, Ти си пазител на сираците, прибежиште на неволните и утешител на онке коишто плачат. Јас, сирак, прибегнувам при Тебе, стенкам и плачам и Ти се молам: Послушај ја мојата молба и не одвраќај го лицето од воздишките на моето срце и од солзите на моите очи. Ти се молам, милостив Господи, намали ја тагата поради разделбата со мојот родишел (родителка) (името).
Неговаша душа почината со вистинска вера во Тебе и со цврста надеж на Твоето човекољубие и милост, прими ја во Твоето небеско царство. Се приклонувам пред Твојата света волја и Те молам да не ја отстраниш од него Твојата милост и добросрдечност.
Прими ја денес, Госиоди, оваа шоила молитва за покојниот (покојната) поради неговиот труд и грижи за моето воспитување во верата и христијанското благочестие, зашто тој ме научи побожно да Ти се молам, само на Тебе да се надевам во неволјите, тагите и болестите и да ги пазам Твоите заповеди. За сите добри работи што тој ги испросил од Тебе, возврати му со Својата милост, со Своите небески бла-га и радостите во Твоето вечно царство. Зашто Ти си Бог на милостите, шчедростите и човекољубието, Ти Си упокоение и радост на Твоите верни раби, и Тебе Те прославуваме со Отецот и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови.
Амин.