LIFESTYLEХороскоп

„Боже, благослови не’ да бидеме едно тело“ – молитва за мир во бракот

Advertisement

Брачниот партнер го избираме со надеж заедно да го поминеме целиот свој живот, да основаме семејство, заедно да се надоградуваме и да уживаме во животните радости. За да го постигнеме тоа, потребно ни е разбирање, многу љубов и трпение. Да се помолиме за мир во нашиот брак.

ФОТО: unsplash.com

Господе, ти не’ благослови да живееме во мир, во чистота и взаемна љубов, благослови не’ да бидеме едно тело. Но, поради искушенија и наши слабости, брчниот живот ни се разединува. Благословот на мирот и едномисленоста, што го исполнува со радост нашиот брачен живот, ги нема веќе со нас.

Advertisement

Загрижувачки сенки на нечистота паѓаат врз нашите взаемни односи, изчезнува љубовта што не’ врзуваше. Непријателот на човечката среќа и неговото спасение жестоко ја напаѓа нашата домашна црква.

Сврти го расејаното и помрачено срце на мојот сопруг/сопруга кон Твојата волја, кон бракот од Тебе благословен, отстрани ги желбите на неговото (нејзиното) срце од нечистотии и од опасниот пат и приврзи го кон неговите (нејзините) чеда, за да царува радоста во нашиот дом и да се слави Твојата сила и добрина.

Ти си секогаш наш закрилник кога сме во мака.

Advertisement

Амин

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button