Мајки и баби, вие заслужувате благослови и почит, поради сето она што го правите за нас. Без оглед на тоа колку години имате, вие сте ценети и вреднувани поради секој ваш збор и секоја ваша жртва.
Драг Господе,
Благослови ја секоја мајка и баба со најдобрите духовни благослови денес. Во нејзиното срце дарувај љубов, онаква каква што таа бескрајно даруваше на своите деца и внуци. Потврдувај ѝ ја секојдневно нејзината вредност, за да не се сомнева дека е сакана, ценета и обожавана. Дај ѝ ја твојата заштита и твоето разбирање.
Шепни му на нејзиниот дух слатки зборови, онакви какви што сака да слушне од Тебе – дека ништо не може да ја одвои од твојата љубов. Нека секојдневно се храни со твоите зборови и да ја зајакнува верата која ја има кон тебе. Нека знае дека ја наградуваш верноста, но и дека вистинскиот успех не е во нејзинте постигнувања и наградувања. Нека се одмори и нека се радува на своите блиски.
Отстрани ја од неа секоја вина и замени ја со милост и простување. Нека се радува на своите деца и внуци и нека ги смирува и да им биде поддршка како што им била до сега. Дај ѝ мудрост секојдневно да ги насочува децата и внуците на вистинскиот пат. Благослови ја да ги прифати своите мани, но сепак да ја препознае и наградата којашто ѝ ја даруваш.
Нека нејзината радост биде заразна, нека нејзината страст биде чиста и нека нејзиниот живот биде исполнет со сите благослови кои ги заслужува – во посебни денови и во секој ден од нејзиниот живот.
Амин.