Огласи
Вести

Молитва за исцеление: Денес е Преподобен Герасим – заштитник на болните и чудотворецот кој дарува спас

Свети Герасим е заштитник на монасите, на патниците, како и на болните и оние што бараат исцеление – се верува дека неговите молитви носат чудотворни исцеленија.

advertisement
advert

Православните верници денес, според црковниот календар, го одбележуваат споменот на свети Герасим Јордански, еден од најзначајните подвижници на христијанството.

Герасим најпрвин го изучувал монашкиот живот во Тиваида, Египет, а подоцна се преселил покрај реката Јордан, каде што основал манастир. Манастирот, кој броел околу 70 монаси, постои и денес. За него, светецот воспоставил посебен монашки устав, кој бил пример за духовен живот.

фото -принтскрин јутјуб

Свети Герасим бил познат по строгите пости – не јадел ништо освен што се причестувал. Еден од најпознатите настани од неговиот живот е средбата со лав кој страдал од забоден трн во шепата.

реклама
фото -принтскрин јутјуб

Герасим му пришол, се прекрстил и му го извадил трнот. Благодарниот лав останал покрај него во манастирот до неговата смрт. Кога светецот починал, и лавот угинал од тага по својот спасител.

Еден од најпознатите ученици на свети Герасим бил свети Киријак Отшелник.

Свети Герасим се смета за голем чудотворец. Се верува дека молитвата кон него носи исцеление и духовен мир.

Марpкетинг
фото -принтскрин јутјуб

Молитва за исцеление кон свети Герасим:

“О свети Герасиме, велики чудотворче и исцелителу, ти што со своите молитви ги лечеше болните и на страдалните им носеше утеха, погледни милостиво на мене (или: на оној за кого се молите). Со својата небесна сила, испрати исцеление на душата и телото, и дарувај мир и здравје. Ти кој си пример на вера и смирение, застапи се пред Господа за мене (или за името за кое се молите), за да бидам/биде ослободен од болеста и секоја телесна и духовна мака. Амин.”

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button