Воспитувањето на децата и насочувањето на вистинскиот пат е навистина тешко. Затоа, обратете му се на Бог со молитвите, за да го оттргнете детето од лошите насоки.
Пречиста и предобра, Мајко Божја! Смилувај се на мене несреќната, многу е натажено моето мајчинско срце. Тешко страдам, оти мојот син го избрал опасниот и погубен пат – живее во рамнодушност кон верата, го изгубил стравот Божји, се оддал на безгрижие за своето вечно спасение и за семејниот примерен живот.
Несомнено е дека злиот враг успеал да го заплетка во своите итри мрежи, распалувајќи ги во него младешките страсти, го помрачил неговиот здрав разум, посеал лоши семиња во неговото срце за да биде непокорен, груб, самонадежен и соблазнет од насладите на овој свет. Но, Ти, Божја Мајко, силна си да го одвратиш од патот на гибелта, да ги раскинеш мрежите на човечкиот враг и да ми го повратиш чедото. Под наслагите кои врагот ги навел врз умот, срцето и волјата негова, останува Божјиот образ, кој е помрачен но не е избршиан.
Ти, Пресвета Богородице, со воздишките на љубовта, одвеј ги погубните наслаги и пројасни ја душата на мојот син, за да се оттргне од патот на своите заблуди и да се врати во домот на благиот небесен Отец. Така и радоста на моето напатено мајчинско срце ќе се поврати и јас секогаш ќе ти вознесувам чиста благодарносг, зашто Ти си мајка на страдалниците и радосг на натажените. Амин.
Достојно е навистина блажена да Те нарекуваме Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, Бога Словото нетлено што Го роди, навистина си Богородица, ние Те величаме.
По молитвите на светите Отци наши, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не’. Амин.