Мирот е нешто за што тежнееме сите. Доколку сме вознемирени, полни со страв и сомнежи, не можеме да го живееме животот со полн здив. Душевниот спокој ни носи поубав живот и тогаш знаеме како да се упатиме кон нашата цел.
Во времето кога се чувствувате несигурни, повторувајте си ја оваа молитва за пронаоѓање мир, за брзо заздравување и за исцелување.
Драг Господе,
ти си личноста на која ѝ се обраќам за помош во моментите на слабост. Потребен си и те молам да бидеш со мене во ова време на болест и неволја. Те молам прати ми ги твоите лековити зборови. Во името на Исус, исфрли ја од мене сета мачнина и неволја од моето тело.
Драг Господе, те молам претвори ја оваа слабост во сила, патењето во сочувство и тагата во радост и утеха за другите. Јас, твојот слуга, верувам во тебе и имам надеж дури и во времето на оваа борба. Исполни ме со трпение и радост. Те молам исцели ме, отстрани ги од мене сите стравови и сите сомнежи од моето срце. Како што ме лекуваш и обновуваш, Господе, ќе те благословувам и ќе те славам. Се молам во името на Исус Христос.
Амин