Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Молитва за благослов на вратата во вашиот дом

Реклама

Вратата е еден од најважните делови во нашиот дом. Низ неа минуваме, влегуваме и излегуваме, примаме посетители и ги поздравуваме своите стари пријатели. Тоа е место за тага и радост, доаѓање и заминување… Па, токму ова е местото каде треба да ја прифатиме Божјата присутност, барајќи ја неговата заштита над нашиот дом. Во продолжение прочитајте ја оваа молитва.

ФОТО: kcbi.org

Нека Божјиот мир биде во оваа куќа и во сите кои живеат во неа. Ти, Господе, кој си почеток и крај, алфа и омега, внимаваш на нас од раѓање до смрт, благослови ја оваа врата на нашиот дом и во својата добрина прати ни ангели од небото, за да не заштитат и да бидат со нас, да ни дадат утеха и храброст.

Додека поминуваме низ оваа врата, привлечи не’ покрај тебе и дозволи ни во овој дом да владее понизност, добрина, благослов и благодарност. О, Господе, Ти претставуваш врада која води кон вечниот живот. Затоа, благослови го влезот и излезот на овој дом.

Маркетинг

Господе, Те молиме да го благословиш и да го просветлиш овој дом. Те молам внатре во овие ѕидови над нас секогаш да бдеат ангели и да не’ чуваат. Нека Твојот благослов владее во овој дом и во сите оние кои живеат сега и засекогаш во него.

Амин.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button