Реклама
MAMAКафе муабет

Молитва со која ќе му се заблагодарите на Бог за добрините во вашиот живот

Реклама

За секој нов ден, за секоја нова радост, за секој нов миг и за секоја нова можност, треба да му бидеме благодарни на Бога. Помолете се со оваа молитва за благодарност, во знак на сето она што Бог ви го дарил.

ФОТО: Freepik

Господи Исусе Христе, Боже наш, Боже на секое милосрдие и добрини! Твојата милост е безгранична а човекољубието неизмерно. Со благовение и љубов, како недостојни слуги, смирено Ти принесуваме благодарност, Тебе добросрдечниот, за добрините што ни ги правиш. Те славиме, Те воспеваме и Те величиме како наш Господ, Владика и добротвор и, коленичејќи пред Тебе, Ти благодарам за Твоето безмерно и неискажливо милосрдие.

Смирено Ти се молам милосрден Господи, како што сега благоволи да ги исполниш молбите на нас Твоите раби, така и понатака сподоби нè да ги добиваме сите Твои дарови, да преуспеваме во љубовта кон Тебе, кон ближните и кон секоја добродетел. Избавувај ја, милостив Боже, Твојата света Црква од секое зло, и откако ќе ни даруваш мир и спокој, удостој не’ да Ти принесуваме благодарност, Тебе, на Твојот беспочетен Отец и на пресветиот, благиот и живототворен Твој Дух – Бога прославуван во едно суштество, секогаш да зборувам за твоите големи добрини и да те воспеваме.

Маркетинг

Слава Ти Тебе, наш благодателу, во век и веков! Амин!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button