Молитва против магии и уроци
Ако мислите дека на вас имаат фрлено магија или пак урок, помолете се со оваа молитва.

Господи, Боже наш, Господар на вековите, ти кој создаде се’, ти кој си учител и лекар на нашите души, ти кој си спасител за оние кои ти се обраќаат, те молиме уништи ја, истерај ја и направи да избега сета ѓаволска сила, сета негативна присутност, секоја магија или зло. Наместо завист, направи да дојде доброто, силата, успехот и љубовта.
Ти, Господи, кој ги љубиш луѓето, пружи ја својата моќна рака, па дојди на помош, испрати го Ангелот на мирот, да ни ги заштити телото и душата и да го истера секое зло, секој отров и урок од расипаните и завидливи луѓе. Господи, Боже наш, смилувај се и спаси го слугата свој (името на личноста за која се молиме) од секоја штета или урок, заштити го и постави го над секое зло. Амин