Сите сакаме нашите најмили засекогаш да останат наши мали слатки дечиња, но сепак, кога-тогаш секој ќе си го најде својот пат… Во продолжение прочитајте една молитва од мајка за својот син во која се чувствува огромна доза љубов.
Господе, ти знаеш со колкава леснотија на својот син му ја покажувам и му ја изразувам љубовта. Таква си ме создал, создадена сум да љубам. Иако би сакала тој засекогаш да остане мое слатко мало детенце, знам дека го создаде како маж на кој му треба почит. Без оглед на тоа колку ми е тешко, сакам од себе да го отпуштам тоа слатко детенце, препуштајќи го во твое водство.
Ниту еден син не треба да се држи до здолништето на својата мајка, туку со текот на времето треба да се осамостои. Гледам дека за неговиот здрав развој и осамостојувањето не придонесува само мојата љубов, туку и почитта кон него. Го прифаќам тоа како дел од Твојот план за неговиот живот. Иако се надевам дека нема да ја занемарам оваа вистина, помогни ми да остарам со почитта од својот син во денешно време кога сето тоа се заборавам.
Помогни ми да не паднам под влијание на оние кои подметнуваат презир. Наместо тоа, Ти делувај на мене. Поучувај ме што значи почитта од и на детето кое ми го довери. Ми требаш за да знам што е најдобро за него. Отвори ми ги очите да видам кој пристап најдобро му одговара. И нему, а и мене сега ми треба охрабрување. Жал ми е за сите моменти кога сум пропуштила да го почитувам. Ти благодарам што секогаш ми простуваш.
Амин.