LIFESTYLEХороскоп

Те молам Господи дај им здравје: Молитва од децата за нивните родители

Advertisement

Децата се најсреќни кога ги гледаат нивните родители среќни и задоволни, здрави, силни и полни со енергија. Родителите го жртвуваат својот живот за децата. Им посветуваат внимание, им даруваат љубов, па затоа, многу често децата не знаат како да им се оддолжат за сето тоа. Но, има ли поголем дар од здравјето? Да се помолиме за нашите родители да бидат среќни, здрави и долговечни и Бог да ги чува.

ФОТО: entitymag.com

Господе, тебе ти се обраќам и ти се молам за моите родители. Тие ми ја даруваат сета своја љубов, се грижат за мене, ми помагаат во сите проблеми, ме избавуваат од секое зло и болест. Нема некој кој повеќе ми посакува добро од нив. Тие сакаат да ме извадат на прав пат, да бидам здрав и разумен човек. Те молам Господи за сето ова дарувај им благослов. Дај им радост, здравје, избави ги од тага и беда, дај им да бидат среќни целиот живот. Помагај им и секогаш биди над нив. Не лишувај ги од помошта твоја.

Advertisement

Притоа, Господи, те молам дарувај ми и мене доволно љубов и начини истата да им ја искажам. Помогни ми да ги разберам и да не ги изневерам, да бидам послушен, да ги следам нивните добри совети, да не ги загорчам и да им бидам утеха и радост. Знам дека најголемата награда која можам да им ја дадам е да ги направам спокојни и да не ги разочарам. Од се’ срце те молам, дарувај им ја таа награда.

Те молам Господи слушни ја мојата молитва и исполни го нашиот дом со радост, затоа што ние Тебе те прославуваме како наш Набесен Отец.

Амин.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button