Секој од нас во одредени моменти се чувствува тажно и вознемирено, при што насекаде околу нас гледаме само проблеми и безнадежни ситуации. Во такви моменти, пристапете кон оваа кратка молитва со која се обраќате кон Пресвета Богородица.
Пресвета Дево, Мајко на Севишниот Господ, Семилостива Заштитнице и Покровителко на сите што со вера Ти пристапуваат, погледни на мене од височините на Твојата небесна слава, послушај ја мојата смирена молитва и принеси Му ја на Твојот сакан Син. О, Преблагословена Богородице, Ти си Скоропослушница на сите, и Радост на нажалените, послушај ме и мене нажалениот. Ти ги смируваш тагите, смири ги и моите жалови и излекувај ги моите душевни и телесни болести. На Тебе, по Бога, ја полагам сета моја надеж, биди ми Закрилница и силна Застапница пред Твојот Син, Господ наш Исус Христос. Засили ја мојата вера во Него. Утврди ме во Неговата љубов и научи ме да Те сакам и да Те прославувам, Пречиста Мајко Божја, Богородице Марие. Се засолнувам под Твојот свет покров, Пречиста Богородице, закрилувај ме. Амин.