Луѓето честопати се борат со лошите мисли кои ги напаѓаат. Некогаш е полесно да се ослободиме од лошите навики, отколку од лошите мисли. Мешутоа, со молитвата за себе можете многу да си помогнете и да стигнете на патот на духовното прочистување.
Владетело Господи Боже мој, во чии раце е мојата судбина, заштити ме по милоста своја, и не дозволувај да пропаднам, ниту да правам работи против својот дух. Ти ме создаде, не откажувај се од мене, сожали се.
Слаб сум, не презирај ме Господе, затоа што тебе ти прибегнувам заштитнички: Исцели ја мојата душа, згрешив, спаси ме поради мислоста Твоја. Нека се оттргнат оние кои се обидуваат да ме оттргнат од тебе со помош на нечисти дела, гнасни мисли, некорисни сеќавања, оддалечи ја од мене секоја нечистотија, секое зло, затоа што единствено ти си бесмртен, во се’ си моќен и на сите им даваш сила за борба против ѓаволот и неговите војски.
Затоа што тебе ти доликува секоја слава, чест и поколение, во името на Отецот, Синот и Светиот дух, сега, секогаш и во век и векови. Амин.