Многу луѓе кои немаат животен партнер честопати се чувствуваат депресивно, осамено, па дури и безнадежно. Но, тоа не мора да биде така. Секој може да ја најде вистинската љубов со примена на духовни начела во секојдневниот живот.
![](/wp-content/uploads/2020/02/ljubov-vibracii.jpg)
Ако веќе сте го пробале она што ви го нуди развиениот технолошки свет во романтична смисла, и тоа не делувало, не откажувајте се. Вашата сродна душа е во потрга по вас и тоа токму сега. Имајте на ум дека зборовите ЉУБОВ и БОГ се едни од најмоќните зборови кои можете да ги користите за привлекувње љубов, радост и мир во својот живот.
Првиот чекор за пронаоѓање вистинска љубов е користење на афирмација, односно потврдување. Кога имате мисла или кога зборувате нешто, вашите зборови и мисли излегуваат во универзумот и се создаваат како енергија. Привлекуваат енергија и потоа се враќаат со размножена. Позитивните зборови и мисли носат позитивни вибрации. На пример, можете да си помислите или да изговорите дека давате и примате љубов во целост. Дека го оставате минатото зад вас и дека ѝ дозволувате на љубовта да тече во вашиот живот.
Имајте на ум дека зборовите ЉУБОВ и БОГ се едни од најмоќните кои можете да ги користите за привлекување љубов, радост и мир во својот живот. Понатаму, клучот за пронаоѓање вистинска љубов е да ги одржувате вибрациите високо. Поминувајте време во природа, дневно медитирајте, служете им на другите, живејте во благодарност, играјте, танцувајте, емилинирајте ги негативните луѓе…