Тајната на успешните жени – благодарение на овој моден додаток ќе изгледате моќно
Таа е задолжително парче во комбинациите на секоја успешна жена, па доколку сакате да изгледате моќно тогаш почнете да ги носите и вие.
И покрај тоа што убавината се крие во деталите, кога ќе видиме убава жена, најчесто ја памтиме како севкупен впечаток, и ретко кога ја анализираме детално причината зошто таа има моќ да не маѓепса и освои на прв поглед.
Но, секоја модно освестена дама знае дека токму малите детали се тие кои најмногу допринесуваат да изгледате убаво, беспрекорно и моќно. Затоа денес ќе ви откриеме една мала тајна со која ќе ја подигнете секоја деловна комбинација и ќе ја донесете до совршенство. Станува збор за модните додатоци како марами и ешарпи кои изгледаат и шик и моќно истовремено, а кои познатите ИТ девојки како Викторија Бекам и Алекса Чанг редовно ги користат во своите неодоливи модни комбинации.
Пролетни трендови – големото враќање на марамите »
Погледнете го следното видео кое многу ќе ви помогне како да ги врзувате и носите вашите марами, а доколку ви е потребна дополнителна инспирација за тоа како да ги носите оваа сезона или пак да ги видите цените на најубавите модели, кликнете тука или отворете го линкот кој ви е даден на крајот од текстот.
{youtube}5LYAEz777AU{/youtube}
види повеќе » |