Мојот душек и јас: Јелена Спенџарска си се отвори за самотијата

Јелена Спенџарска повторно собра големо внимание на социјалните мрежи, откако на Инстаграм објави искрена и духовита приказна за тоа како ѝ се сменил животот со зрелоста – особено кога станува збор за љубовта, слободата и потребата од мир.
Во серијата објави што ја нарече „Нивоа на зрелост“, познатата водителка и инфлуенсерка призна дека денес многу поважно ѝ е да си даде простор и спокој, отколку да се впушта во хаотични ситуации или непотребни драми.
„Не одам никаде каде што не можам да седнам. Ве молам, не ме канете на настани каде што се стои. Грбот ми е како на 65-годишник. Колената ме болат без причина“, вели Јелена, опишувајќи ги своите нови животни правила.
Таа со хумор додава дека не прифаќа покани за настани без столчиња, бидејќи „стоењето со часови е за млади“, а нејзината слобода сега изгледа сосема поинаку: „Возрасна сум. Никој нема да ме кара. Каде одиш? – Надвор. Со кого? – Со пријатели. Кога ќе се вратиш? – Слободата е кога сфаќаш дека никому не должиш објаснување“.
Најголемиот пресврт, според неа, е потребата од мир.
„Најмногу копнеам по мир, не возбуда, не драма… само мир. Доста ми беше хаос. Мирот ми е љубовен јазик сега.“
Но публиката најмногу ја насмеа нејзината искрена „љубовна исповед“:
„Секогаш сакам да си одам дома. Не е важно колку е добро друштвото – сакам дома. Ми фали мојот кревет. И јас му фалам нему. Најголема љубовна приказна ми е јас и мојот душек.“
Спенџарска признава дека најголемата убавина ја наоѓа во тоа да се избере себеси – да чита книга, да гледа серија, да шета или едноставно да дише во тишина.
Со оваа објава, Јелена уште еднаш покажа дека зрелоста не мора да биде тежок процес, туку може да биде и искрена, духовита и ослободувачка приказна, особено кога главна улога има… удобниот душек.



