Мојата покојна мајка со своите сестри пееја како ангели – пејачката Ленче Кукиќ искрено за семејството
За Ленче и Горан слушна целиот Балкан. Тие се запознале кога таа имала 15 години, а ги спои - песната!

Тие прв пат се сретнале во кафеана кога таа имала само 15 години, а ги споила музиката со која тие и денес се неразделни
Да, станува збор за Ленче Кукиќ, пејачката која со својот феноменален глас го освои целиот регион, како и за нејзиниот сопруг Гора Кукиќ, кој исто така ги воодушеви сите и тоа во истото шоу.
Најпрво Горан Кукиќ со СМС гласови од публиката победи во „Никогаш не е доцна“, а по три години и Ленче триумфираше.
Принтскрин/ Јутуб
Но на Ленче за време на финалето и беа измешани емоциите затоа што наместо да се радува, таа тогаш повеќе се молеше за својата болна мајка. Но оваа душевна борба Ленче не ја покажуваше на сцената, па успеа да остане силна до самиот крај и да ја однесе победата.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Таа во ниту еден момент не покажа дека има некаква тежина што ја носи, па во една прилика за Гламур ќе открие:
„Во секој сегмент од мојот живот сум одела со мислата дека јас можам, ќе издржам, така сите предизвици ги издржав храбро можеби душата ме болеше и уште ме боли но сфатив дека сите во животот губиме родител, близок кој секогаш ќе ти фали. Но животот тече понатаму, а ние мораме да се бориме, па дури и кога ни е најтешко“, изјави Ленче потсетувајќи се на својата мајка, Драга Дедејска, која почина набргу по нејзината победа, на 68-годишна возраст, во месец јули 2019 година.
Принтскрин/ Јутуб
Потсетуваме, Ленче е родена во Босилово, во музикално семејство за кое вели дека располага со душа полна со музика.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
„Мојата фамилија располага со душа полна музика, мојата веќе покојна мајка со своите сестри пееја како ангели, и мојот татко, исто така, за кој се уште зборат како Асен Дедејски ја пеел ‘Зајди зајди’ и мојот брат Никола кој како дипломиран музичар талентот и музиката за жал ги остави и живее и работи во Германија“, откри во една пригода Ленче за Гламур магазин, па го додаде и следново:
„Фамилија полна музика, но имаме и член што ја сака песната, но се грижи за нашето здравје, тоа е нашата сестра Поликсена која е медицинска сестра, фамилија полна музика и не е чудно што јас сум тоа што сум“, изјави тогаш Ленче.
Принтскрин/ Јутуб
„Сиве овие години творев и пеев македонска музика. Сакав тоа што го знам и умеам да го слушне пошироката јавност, народот кој ја сака нашата музика“, заклучи тогаш Ленче во интервјуто за Гламур магазин.
Принтскрин/ Јутуб, Гранд
Целиот разговор со оваа наша прекрасна дама, Близнаци во хороскоп, а на која Бог и дарил дарба за пеење, ѕирнете го тука.