Интервју
COVER STORY

Мојата дијагноза не е слабост, туку можност за повторно раѓање- вели за Гламур Амела Мемиш Апостолоска

Се потпирам на верата, на семејството, на професионалната припадност, но и на децата за кои сум пример

Advertisement

Амела е мајка и жена борец која секојдневно се справува  со предизвиците и проблемите за двете свои деца со пречки во развојот. Од неодамна гласно проговори и за својата дијагноза за како што вели да ја претвори болката во алатка за поддршка.

Пред извесен период  исто така ја започна и Националната психолошко-мотивациска турнеја „Од тишина до глас“ за која што вели дека има за цел: трансформација на родителите, децата, стручната јавност и општеството.

Advertisement

-Преку психолошко-мотивациски работилници, лични сведоштва и стручни совети, создаваме платформа за еднаквост, инклузија и поддршка. Турнејата ја започнавме симболично со првиот меморандум за соработка со Општина Кисела Вода, каде градоначалникот Орце Ѓорѓиевски беше првата подадена рака  изнак дека институционалната поддршка не е само декларативна, туку и активна- вели Амела во краткиот разговор за Гламур.

Приватна архива

Прашање: Амела, на почеток да Ве прашам како помина настанот на Школка?

Настанот на Школка беше посебен момент за мене. За прв пат застанав пред поширока публика како жена, како мајка, како психолог и како човек со своја внатрешна борба. Имав можност лично да се обратам, да ја отворам тишината која со години ја носам во себе, и да ја претворам во глас кој говори за болката, надежта и љубовта кон секое дете. А потоа дојде и Леон мојот син. Со неговиот текст не само што ги исполнивме срцата на присутните, туку видов солзи и кај оние кои мислев дека не плачат. Тоа беше почетокот на едно ново патување.

Advertisement
Приватна архива

Прашање: Ја започнавте Националната психолошко-мотивациска турнеја „Од тишина до глас“. Која е целта на оваа турнеја?

Целта на турнејата не е само информирање, туку и трансформација на родителите, децата, стручната јавност, општеството. Преку психолошко-мотивациски работилници, лични сведоштва и стручни совети, создаваме платформа за еднаквост, инклузија и поддршка. Турнејата ја започнавме симболично со првиот меморандум за соработка со Општина Кисела Вода, каде градоначалникот Орце Ѓорѓиевски беше првата подадена рака знак дека институционалната поддршка не е само декларативна, туку и активна.

Приватна архива

Прашање: Бевте и во Кавадарци. Како поминавте таму?

Во Кавадарци, под покровителство на Комисијата за еднакви можности и поддршка од локалната самоуправа, доживеавме вистинска емпатија. Родители, стручни лица и претставници на институции заедно дискутиравме за предизвиците со кои се соочуваат децата со попреченост и нивните семејства. Тоа беше средба полна со солидарност, разбирање и отворена комуникација.

Приватна архива

Прашање: Прирачникот „Од тишина до глас“ што содржи?

Овој прирачник е создаден за родителите, но и за сите кои сакаат да научат повеќе за процесот на прифаќање, поддршка и одгледување на дете со попреченост. Содржи психолошки совети, практични вежби, насоки за комуникација, мотивациски пораки и лични сведоштва. Прирачникот е алатка за секојдневна поддршка, не само информативен, туку и терапевтски ориентиран.

Приватна архива

Прашање: Кој Ве поддржа во реализацијата на турнејата и каде сè ќе се одржи турнејата?

До сега поддршка добив од бројни луѓе со големо срце меѓу нив Елена Бегова, преку Фондацијата „Ице Бегов“, која верува во инклузијата; Денис Јанкуловски, автор, активист и човек кој ја разбира болката и љубовта на секој родител; и Жанет Маркушова, дипломатски член на нашето здружение „Гласот од тишината“, која со својата хуманост не остави никого рамнодушен. Посебно значаен беше настанот во Амбасадата на Република Словачка, каде во присуство на амбасадорот Хенрик Маркуш и неговата сопруга, ми беше врачен Сертификат , што го доживувам како чест, но и обврска да продолжам. Договорена е реализација и во повеќе општини низ Македонија чекор по чекор, од тишина до глас.

Приватна архива

Прашање: Неодамна проговоривте за Вашата лична дијагноза. Од каде Ви е силата да се справите со сето тоа?

Да се зборува за личната болка во нашето општество сè уште е табу. Но, јас решив да ја претворам болката во алатка за поддршка. Мојата дијагноза не е слабост, туку можност за повторно раѓање. Психолошки гледано, прифаќањето е првиот чекор кон исцелување. Се потпирам на верата, на семејството, на професионалната припадност, но и на децата за кои сум пример. Оваа битка ја водам не за сочувство, туку за да покажам дека и кога носиме невидлив товар, можеме да бидеме светлина за другите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button