Реклама
MAMAКафе муабет

Моето бебе и јас – моќта на прегратката

Реклама

Целата бременост си замислував каква ќе биде мојата прва прегратка со бебето. Дали ќе можам уште веднаш да ја прегрнам и да ја почувствувам топлината на нејзината кожа? Дали веднаш ќе заплаче? На крајот, можеби не е убаво, но сепак, искрено се прашував дали ќе ми се допадне моето бебе?

ФОТО: Freepik

Знам, сите бебиња се убави, но сепак, моето си замислував дека ќе биде посебно. Искрено, со месеци се подготвував за тој момент, и скришно си го галев стомакот. Да, скришно, затоа што не сакав да ги споделувам тие чувства. Тогаш некој да ме прашаше каква би била првата средба со бебето, мојот одговор ќе беше: Совршено. Баш така. Совршено во се’. Цврста поврзаност, емоции, нежност, топлина… се’.

Драги мајки и идни мајки, колку и да немате сила и енергија, секогаш ќе најдете барем малку која ќе ве врати во живот и ќе ве натера да се борите. Телесниот контакт стимулира рецептори под кожата и уште веднаш испраќаат сигнали за лачење на хормони на среќа и престанок на лачење на хормонот на стрес. Така, допирот е важен за бебето и тоа многу, подеднакво како и храната!

Маркетинг

Помеѓу другото, допирот е прв вид комуникација помеѓу бебето и мајката. Штотуку родените бебиња кои излегуваат од една заштитена средина, влегуваат во непознато, бараат близина на својата мајка, да го почувствуваат нејзиниот мирис, нејзината топлина, гласот и она што е најважно – допирот со нејзината кожа.

 

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button