Целата бременост си замислував каква ќе биде мојата прва прегратка со бебето. Дали ќе можам уште веднаш да ја прегрнам и да ја почувствувам топлината на нејзината кожа? Дали веднаш ќе заплаче? На крајот, можеби не е убаво, но сепак, искрено се прашував дали ќе ми се допадне моето бебе?
Знам, сите бебиња се убави, но сепак, моето си замислував дека ќе биде посебно. Искрено, со месеци се подготвував за тој момент, и скришно си го галев стомакот. Да, скришно, затоа што не сакав да ги споделувам тие чувства. Тогаш некој да ме прашаше каква би била првата средба со бебето, мојот одговор ќе беше: Совршено. Баш така. Совршено во се’. Цврста поврзаност, емоции, нежност, топлина… се’.
Драги мајки и идни мајки, колку и да немате сила и енергија, секогаш ќе најдете барем малку која ќе ве врати во живот и ќе ве натера да се борите. Телесниот контакт стимулира рецептори под кожата и уште веднаш испраќаат сигнали за лачење на хормони на среќа и престанок на лачење на хормонот на стрес. Така, допирот е важен за бебето и тоа многу, подеднакво како и храната!
Помеѓу другото, допирот е прв вид комуникација помеѓу бебето и мајката. Штотуку родените бебиња кои излегуваат од една заштитена средина, влегуваат во непознато, бараат близина на својата мајка, да го почувствуваат нејзиниот мирис, нејзината топлина, гласот и она што е најважно – допирот со нејзината кожа.