Парижанките негуваат беспрекорен и елегантен стил, речиси целиот свој живот. Кај нив квантитетот не игра улога, а квалитетот е темелно правило. Овие се основните модни правила кои можеме да ги дознаеме од нив.
Кога се во прашање обувки со потпетици, помалку е повеќе
Парижанките својата линија ја одржуваат со десетици поминати километри, секој ден. Со цел да го постигнете тоа, пресудни се удобните обувки. Овие жени секогаш им даваат предност на пониските потпетици.
Боите се пожелни, но не претерувајте
Иако најчесто се одлучуваат за црна или бела боја, Парижанките често ќе ги видите и во суптилно обоени дневни комбинации. Но, тие никогаш не претеруваат. Ако се одлучите да измешате некои бои, задржете што понеутрален спектар.
Инвестирајте во безвременски производи
Капут, торба… во овие работи се исплатува да вложите пари. Квалитетните парчиња облека, обувки и модни додатоци ќе ви траат со години, а вие секогаш ќе имате подготвено безвременски модерен аутфит.