Реклама
Модни совети

Модни парчиња кои НЕ смеете да ги носите кога одите на работа

Реклама

Преку лето сите сакаме да се опуштиме, но доколку си дозволиме премногу може да ни се случи во канцеларија да се појавиме во несоодветни парчиња.

Маркетинг

Без разлика дали на вашето работно место постои дрес код или не, некои популарни летни парчиња едноставно не се примерни за на работа, особено доколку работите во канцеларија. Еве неколку парчиња кои смеете да ги носите додека сте без обврски и никако кога треба да одите на работа.

Лежерна облека без рамки

Фустани или маици без рамки се удобни за летниот период, но не и за во канцеларија. Дозволена опција е доколку преко маицата или фустанот носите болеро или кратка лесна веста како не би покажале премногу кожа.

Маркетинг

Прекратки фустани и здолништа

На кратките парчиња не им е место во канцеларијата ниту преку зимскиот период кога се носат со хеланки или со подебели чорапи, а камоли преку лето кога со нив во преден план ги истакнувате голите нозе. Носете фустани и здолништа со минимална должина до средина на бутот.

Обична бела блуза без ракави

Белата боја преку лето е една од најпопуларните, но поради својата проѕирност може да биде рискантна за носење на работа. Обичната бела блуза со и без ракави асоцира на поткошула, а голема е и веројатноста под неа да се наѕира градникот.

Јапонки

Јапонките, впрочем како и сите други папучи секако дека не се наменети за на работа освен доколку не сте докторка илио медицинска сестра па да носите кломпи или пак спасителка на некоја плажа.

Маица која е подолга од бермудите

Во ваков аутфит ќе изгледате како да немате ништо под маицата – треба ли да кажеме нешто повеќе?

Било што проѕирно

Нашите продавници и трговски центри се преполни со облека од полупроѕирни или проѕирни материјали, а такви парчиња на работа можете да носите единствено ако под нив носите маица или поткошула.

Да, да тие се во тренд, но во тренди се и ретро бикините, а во нив сигурно не би се појавиле пред шефот, нели?

Облека која го открива папокот

Облеката која открива дел од стомакот, на пример странично, се дозволени за носење во деловните комбинации, но не и облеката која го открива папокот. Популарните кратки блузи и маици оставете ги за некоја друга пригода.

А сега откако се потсетивме кои модни парчиња не треба да ги носиме кога одиме на работа, еве неколку комбинации кои би можеле да ни послужат како инспирација за нашите следни деловни комбинации

шик анталони што ќе ги носиме ова лето »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button