Кога станува збор за откачен стил кој секогаш изгледа самоуверено и сјајно, со задоволство се свртуваме кон тренди Лондонките. На улиците на Лондон секојдневно може да се видат различни стилови, а денес ви прикажуваме некои модни комбинации кои може да ви послужат за различни ситуации.
Комбинезон
И тоа не каков било. Лондонките секогаш инвестираат во комбинезони кои ја истакнуваат нивната фигура.
Бели чизми
Не мора постојано да инвестирате во црни обувки за да ви одговараат со сите парчиња облека. Белите чизми исто така ќе можете лесно да ги комбинирате, а ќе бидете и малку поразлични.
Карирани парчиња облека
Овој тренд ќе ви одговара, без разлика на годините, а со овие парчиња облека никогаш не ќе можете да погрешите.
Опуштен фустан со принт
Лондонките секогаш имаат фустан кој одговара на секоја дневна пригода, а кој сам по себе е доволно впечатлив, па нема да ви треба повеќе модни додатоци.