Модна критика – Катица Јанева мора под итно да го обнови гардероберот, а Сузана Гавазова да ја батали оваа необична фризура
Пејачка која знае да погреши со своите фризури, специјална обвинителка која има поголем рејтинг од Никола Груевски и Зоран Заев заедно, но и стил од минатата деценија, како и една или две комбинации кои се полн погодок.
Па погледнете која од овие дами според нас изгледа фантастично на овие фотографии, а која заслужува еден мал минус кога е модата во прашање.
1. Катица Јанева
Иако нам секогаш ни изгледа симпатично, за оваа комбинација дефинитивно не можеме да го кажеме истото. Тесниот фустан во впечатлива сина боја и со три-четврт ракави апсолутно е погрешен избор за Катица, но и за оваа декада. Истото се однесува и за нејзината огрлица и фризура, кои заедно изгледаат многу лошо. Секако дека не очекуваме од Катица да се облекува според последните трендови, а исто така и сме воодушевени од нејзиниот природен изглед и од позитивната енергија со која што зрачи, но ваквите фустани дефинитивно не се добар избор за неа. Сепак, Катица и самата има изјавено дека не се грижи премногу за нејзиниот изглед, а ова е едно од оние изданија со кое го потврдува тоа …
2. Сузана Гавазова
По се изгледа дека уште многу време треба да помине за нашите пејачки да сфатат дека трикот не е само во провокативната облека, туку во целосниот впечаток што го оставате. Тука значи се подразбира облеката, но и шминката и пред се фризурата, а ова издание дефинитивно е промашување на убавата Гавазова. Дека може да направи многу подобар избор, кога се шминката и фризурата во прашање, доказ е и следнава фотографија …
3. Елена Ристеска
Елена е убава и атрактивна и слободно можеме да кажеме дека убаво и стои се. Тексасниот фустан е полн погодок, но имаме и по некој вишок – тоа пред сé се однесува на црната чокер огрлицата која е ту-мач со овие тренди рамни обувки, но и ременот е превисоко наместен.
4. Катарина Ивановска
Катарина како манекенка многу добро знае дека црвената боја е најголем тренд за оваа есен, но сепак според нас во некои работи погрешила. Панталоните се со модерен крој и стојат фантастично на оваа тазе мама, изборот на рамните обувки исто така е полн погодок и добро се вклопува со црно-белите панталони, но блузаата како да е единственото нешто што е на место – станува збор за официјален настан кој бара малку поформален изглед.
5. Дани Ѓуровска
Кога станува збор за модните блогерки тие ретко знаат да погрешат. Ова се однесува и за нашата блогерка Дани Ѓуровска која постојано не воодушевува со нејзините интересни комбинации. Овој пат во прашање е едноставно, но крајно впечатливо издание кое е сорвешен избор за овој период од годината. И тоа во комбинација со патики – браво!
Фото: Инстаграм/ Принтскрин