„Модерно е да се биде со помлад маж“ – Еве што сподели Каролина за сопругот Михаил (Фото)

Каролина Гочева уште еднаш покажа дека секогаш е на страната на својот сопруг, ликовниот уметник Михаил Корубин, кој неодамна ја одржа својата изложба „Генеза“.
Меѓу многубројните гости кои присуствуваа беше и Каролина, насмеана и горда на неговиот успех, додека во рака држеше чаша вино со која наздравуваше за уште еден уметнички триумф.

Нашата музичка ѕвезда на „Инстаграм“ сподели видео од изложбата, во кое Михаил им се заблагодарува на сите што ја посетиле: „28.10.2025 е последниот ден на изложбата. Ви благодарам уште еднаш што дојдовте и се надевам ќе се видиме набрзо на следната“.
Каролина и Михаил се во брак од 2017 година, а нивната врска често инспирира љубопитност во јавноста. Во едно неодамнешно интервју за српска телевизија, пејачката со насмевка проговори за нивната љубов.
„Во Холивуд сите се со помлади мажи, тоа е светски тренд, а јас сакам да ги следам трендовите… Се шегувам. Едноставно, ќе се споиш со некоја личност – ние веќе бевме во триесеттите кога се запознавме“, изјави Каролина.




