Запрете, размислете и уживајте во моментот!
Скопје,19.02.2015- Подготовките за единаесетотто издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржи од 1-ви до 5-ти април, традиционално започнаа со фотосесија за имиџот на сезоната пред објективите на тандемот „Ани и Дими“.
Моден викенд Скопје за пролет/лето 2015 ќе води во минималистички, мирен и топол моден свет бидејќи во екстремно динамично и технолошки- напредното време во кое живееме честопати забораваме да здивнеме, да направиме пауза, да застанеме и да уживаме во моментите. Во новиот имиџ преовладуваат топли и релаксирани бои кои даваат приземност во модното изразување.
Заштитни лица на новата сезона се Вања Трампевски и Ивана Дуковска од модната агенција „Предстојните пролет/лето ќе бидат во знакот на сосема природен изглед на лицето, топли нијанси на сенки, палета од песочни тонови и бронзен тен на телото. Потенцираните трепки и силната шминка во наредните месеци ќе бидат апсолутен аут“, вели мејкап артистот Зоран Шурбевски кој се погрижи за шминката на заштитните лица .
Тимот од „Бубе Студио Ин“ кој во соработка со Lakme ги направи фризурите , за новата сезона советува брановиден изглед ,благо прекршена коса и неформален природен изглед.
„Во однос на боите кои ќе бидат актуелни модните амплитуди ќе движат од медовата, преку лешник и карамела нијансите па се до огнено портокаловата боја.“, вели познатиот стилист
Фотографиите од бекстејџ атмосферата ги направи Марина Трајковска а за стајлингот се погрижи Виктор Цветановски во соработка со Фешн Груп Македонија.