Реклама
Култура[тор]

Фотогалерија: Отворањето на Модниот Викенд Скопје

Реклама

На 2 април започна петтата сезона на Моден Викенд Скопје.

Маркетинг

Свеченото отворање кое се одржа во Соравиа центар Скопје се отвори со изложбата на дизајните на финалистите на конкурсот “SPARK OF INSPIRATION – PELISTERKA BOTTLE FASHION DESIGN AWRAD” кој Моден Викенд го организираше во партнерство со Пелистерка по повод 60 години од постоењето на брендот. Познатата македонска водителка Ивана Хаџиевска официјално го објави победникот на конкурсот – Јована Филиповиќ која ќе добие можност својот дизајн да го претстави во лимитираната серија на “Pelisterka bottle fashion design”, а исто така и да ја претстави својата колекција во рамките на шестата сезона на Моден Викенд.

Вечерта продолжи со модна ревија на еден од доајените на македонската мода, дизајнерот Никола Ефтимов заедно со асистентката Александра Јовановска, со колекција “Hong Kong Express”, линија “Gray line”. Колекцијата се состои од 16 модни изгледи – 11 женски и 5 машки. За изработка употребена е мешавина од традиционални и природни материјали (во некои случаи винтиџ-ткаенини) и ткаенини од новата генерација, со силни текстури. Во колекцијата се застапени црни, бели, сиви и неутрални тонови, со акценти на интензивните бои (зелена, жолта, виолетова итн). Инcпирација: филмовите “In the Mood for Love” и “2046” на Вонг Кар-Ваи, културата на Хонгконг на 60-те години од XX век.

Маркетинг

 

 

 

 

 

 

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine бесплатно на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button