Реклама
CATWALK

Што е она што ни се допадна најмногу на Модниот викенд Скопје

Реклама

Крајот на октомври ни донесе уште едно издание на Моден викенд Скопје, најдобриот и најгламурозниот моден настан во Македонија.

И сега, кога шеснаесеттиот по ред Моден викенд Скопје заврши и откако емоциите полека ни се вратија во нормала, време е да ги средиме нашите импресии и впечатоци. Да, бевме импресионирани како од сето она што се случуваше зад кулисите, пред и по ревиите, така и од она што го видовме под рефлекторите и што се случуваше пред нас. Неуморните фотографи го следеа секој чекор на убавите и самоуверени девојки кои зрачеа со сиот свој раскош на пистите, но и надвор од нив, го следеа секој покрет на убавите вљубенички во модата кои блескаа во своите комбинации додека седеа во публиката. Нови пријателства, нови моменти, нови доживувања, но и нови парчиња и дизајнерски имиња за кои сме сигурни дека уште многу пати ќе ви пишуваме во деновите што следуваат. Но за тоа во некоја друга пригода …

Маркетинг

Што се однесува до она што нам ни остави најмногу впечаток, тоа секако е колекцијата „Concept 2020“ на Драма Студио и мултимедијалниот настан со кој Ирина Тошева го затвори овогодинешниот моден викенд. Покрај овие две колекции посебно ни се допадна и колекцијата на студентите од Институтот за дизајн и инжинеринг на облека од Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје под менторство на дизајнерката и професорката Лидија Георгиева како и колекцијата „Bohemian rhapsody“ на младата дизајнерка Сара Реџиќ. Па погледнете како овие прекрасни, млади и пред се креативни луѓе даваа се од себе за она што го гледавме овие денови да изгледа и повеќе од совршено, но и за самата атмосфера пред и по ревиите (тука пред се мислиме на прекрасната публика), фатени и овековечени со креативното фотографско око на нашата позната фотографка Ерина Богоева.

Маркетинг

MAKE A STATEMENT

Време е и вие да го исполните вашето секојдневие со гламур и да блеснете како една од овие девојки, но и да освоите некоја од следниве награди. Имено на социјалните мрежи во моментов се одвива кампањата MAKE A STATEMENT на C-THRU кој беше и официјален парфем на FWSK. Главната награда е вредносен ваучер од 9000 денари за шопинг во Зара, како и десет сетови од C- Thru Glamourous (тоалетни води од 30мл и дезодоранс од 150мл). Се што треба да направите е да споделите ваша фотографија на Инстаграм на која ќе го покажете вашиот гламурозен став, на која блескате и фасцинирате,на која се гледате вие или дел од вашата облека, мирисливи свеќи и уникатни модни додатоци и сл.. Фотографијата закачите ја со хаштагот #cthrumakeastatementMKD и можеби токму вие ќе бидете една од среќните добитнички.

Па, покажете го вашиот гламур и забавувајте се!

Повеќе за правилата и условите прочитајте на следниот линк >>

MAKE A STATEMENT »

 

Фото: Ерина Богоева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button