Реклама
Препораки

Еве што нé очекува на претстојниот Моден викенд во Скопје

Реклама

„PURE INDIVIDUALITY “ е мотото на петнаесетто јубилејно издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржува од 31 март до 2 април, во салонот на „Порше Македонија“

Заштитните лица на пролетното издание кое ќе ја слави вистинската женска убавина и посебноста која секоја жена ја носи се  моделите Симона Ангеловска, поранешната српска мисица Ања Шарановиќ и Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум“. 

Маркетинг

Пет прашања и пет фотографии со Марија Илиќ, ПР менаџерката на Моден викенд Скопје >>

„Преку профилите на три дистинктивни девојки ја славиме соголената, чиста убавина и го истакнуваме моментот пред трансформацијата за пистата и пред облекувањето во автентичниот македонски дизајн кој веќе 15 сезони се пласира на Моден викенд Скопје“, велат организаторите. И овој пат како партнер и ко-продуцент на насловната на Моден викенд Скопје се јавува „Fashion&Friends“ од каде доаѓаат најновите модели џинс во кои се облечени манекенките а стајлингот е дополнет со аксесоари од „Parfois“ и „Mango“. Овие модни брендови на вистински начин овозможуваат да дојде до израз индивидуалниот стил на секоја жена. За фризурите се погрижи „LAKME“ во соработка со Кристина Кики Серафимова, а за шминката Јована Коциќ. Бекстејџ фотографиите ги потпишува Марина Трајковска.

Маркетинг

Што ќе гледаме оваа година?

Сезоната пролет-лето 2017 ќе ја отвори ревијата на Јована Филиповиќ со колекцијата за пролет/лето 2017 која претставува омаж на соработката која започна пред точно пет години, помеѓу Филиповиќ и „Пелистерка“. Потоа публиката ќе ја види најновата колекција на уникатен италијански накит на „Sigma Jewelry“ под слоганот „Пролет е време за убави нешта“. За прв пат на Моден викенд Скопје ќе ја видиме Емира Имери со колекцијата “Heyoka” за пролет-лето 2017 година. Вечерта ќе ја заокружи колекцијата на „Alshar“ под името “Out od Africа“.

Интервју со прекрасната Јована Зука >>

Веднаш по ревиите на истата локација- „Порше Македонија“ од 22: 30 часот посетителите ќе го дочекаат 1 април со луда забава.

Втората вечер ќе започне со групната ревија на 15 студенти од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет Р. Македонија, наречена „Шик-шок-ефект“. Ќе следува ревијата на „Linea collection“ со колекцијата составена од линиите: Botanique, Fragmented Feeling, Playful Transparents, Pure and Fresh и Urban Nomads. За прв пат на Моден викенд Скопје ќе се претстави „Atelier Kocareva“ со колекцијата „ History is written by the winners“ а потоа и „Marsin“ со колекцијата „Bond lady“. За крај на втората вечер ќе ја видиме најновата колекција на една од нашите омилени дизајнерки, Ирина Тошева, која како што вели дизајнерката „има за цел да ја подигне јавната свест за актуелно насушната потреба за грижа кон животната средина и покажување поголема љубов кон природата“.

Разговор со Ирина Тошева, една од нашите омилени дизајнерки >>

Последната вечер на 2 април публиката ќе ги види „Walon fashion group“ со колекцијата „Plumes et Perles“, ревијата на „Paolo Bocelli“ и нивната колекција за актуелната сезона која е фузија помеѓу урбан гламур и класичен и кежуал дизајн, Сара Реџиќ и „Elize“.

За крај на петнаесеттиот Моден викенд Скопје ќе ги видиме тројцата избрани финалисти од неодамнешниот натпревар „Fashion Scout SEE“: „Victor Kaiser“, „Shaleva Couture“ и „Ана Марија“. Тие најпрвин ќе заминат на белградската модна недела на 28 март, кадешто ќе се одбира најталентираниот балкански дизајнер кој потоа ќе има ревија на модната недела во Лондон во септември годинава.

Студентите кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од „Институтот за дизајн и инжењеринг на текстил“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, ќе ги презентираат своите дизајни во три фази, од кои првата е изложба на Моден викенд Скопје. „Водени од оваа тема ќе развиваат идеи налик на трансформација на пеперутка, или можеби некој друг организам“, вели Георгиева.

Наскоро, по петнаесеттиот Моден викенд Скопје, ќе биде презентирана „Leather by Us”, колекција која е плод на заедничката соработка помеѓу дизајнерскиот бренд „MCouture by Mila Kadriu“ и Викторија Арсовска за „Renovelur”.

Не е лесно да се биде модна блогерка! Бара огромна посветеност >> 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button