Како со малку труд да постигнете голем резултат – топ моден совет од Викторија Бекам!
Како да ги „подигнете“ вашите дневни комбинации …
Викторија Бекам (42) важи за една од најпознатите дизајнерки во Британија. Но покрај нејзините прекрасни колекции ја сакаме и поради извонредниот стил, особено кога ќе подели некој моден или стилски трик кој задолжително го споделуваме со вас.
Овој пат ќе ве потсетиме на нејзиниот совет кој се однесува до очилата за сонце и кој можеби звучи чудно за овој период од годината, но верувајте ни – функционира! „Носете очила за сонце. Често. Па дури и кога сте во затворен простор. Особено на аеродром. Со нив вашиот никаков аутфит ќе се претвори во нешто промислено и кул“, вели таа.
Колку повисоко, толку подобро – како да носиме чизми над колена >>
Па, ние планираме да ја послушаме и со малку труд да добиеме голем резултат. Ти благодариме Викторија. Ги обожаваме твоите совети.
Крзнените јакни се хит, ви ги претставуваме најдобрите модели >>
Браво!